Свештеник шверцувал кокаин во презервативи кој ги проголтал (Видео)


svestenik drogaРикардо Родригез, свештеник од Колумбија е уапсен на аеродром во Москва поради шверц на дрога. Според полицијата тој имал проголтано поголема количина презервативи полни со кокаин. Колумбискиот свештник бил блед и нервозен,а тоа ги разбудило сомнежите кај полицијата по што бил претресен и одведцен на ренген.

Откако ги виделе пакетчињата веднаш е однесен во болница. Од неговото тело извадени биле вкупно  13 пакетчиња дрога. Освен во себе тој дрога имал сокриено и во багажот – полицијата претпоставува дека неможел да ги проголта и останатите пакетчиња – околу 780 грама.

Свештеникот тврдел дека немал избор и бил присилен од мафијата да го изврши шверцот.

На колумбискиот свештеник му се заканува затворска казна од десет до петнаесет години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1