Свештеник со пиштол на вода ги прска со света вода верниците – носи мантија со супермен


Свештеник во градот Сатили во Мексико користи пиштол на вода кои го полни со света вода и со него за време на мисата ги прска верниците, пишува Ројтерс.
svecenik-zanimljivi-300x225Но, тоа не е се. Отец Умберто Алварез е облечени во необични свештенички наметки, кои се украсени со слики од суперхерои од стрипови како Бетмен и Супермен, а се со цел сите да се забавуваат на неговите миси а најмногу децата кои доаѓаат во неговата црква.”Во оваа заедница има многу деца. Децата се дел од нашите животи.  децата се важни за нас “- додаде тој.

Алварез објасни дека ги користи овие  неконвенционални методи за да се врати насмевката на лицата на децата во градот каде што изминатите неколку години дивееше организираниот криминал и насилството поврзано со дрога.

Свештеникот веќе 14 години држи миси, а неговата облека со суперхерои се користи само кога држи миса за деца. На миса за возрасни си е облечен во вообичаената облека.

svecenik-zanimljivi11
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1