Светот ја пречекува Новата 2016- еве што ќе се случува во Скопје


По примерот на светските метрополи, највеселата ноќ ќе биде пречекана и на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како и во другите градови во државата.

Во главниот град новогодишната програма ќе почне вечерта, во 21 часот, а граѓаните ќе ги забавуваат Оливер Драгоевиќ, Тамара Тодевска и диџеј. На полноќ ќе има богат огномет.nova_godina_208757671

Главниот град во пресрет на празниците е украсен со декоративни елементи и специјално осветлување. Централната новогодишна елка која е поставена на плоштадот „Македонија“ е висока 18 метри, и е осветлена со 50.000 светилки, 250 блиц светилки, 100 капки и 60 светлосни фигури, а ќе свети во различни бои.

Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди на новогодишната ноќ. За време на пречекот, во центарот на Скопје ќе има зголемено присуство на полиција.

Новата 2016 година први ќе ја пречекаат жителите на тихоокеанските острови Тонга, Кирибати и Самоа. Последни ќе ја испратат 2015 жителите на Американска Самоа, цел ден по Самоа иако ги делат само 80 километри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1