АЛКОТЕСТ: Со 2 чашки ракија нема да добиете казна


Ако сте машко, тежите околу 80 килограми, можете да си дозволите да испиете две кригли пиво за шеесетина минути, па да почекате половина час алкохолот да испари од вас, а потоа да седнете зад волан без да стравувате дека може да ве запре полицијата и да ве казни за возење под дејство на алкохол.

alko test

 

Немате проблем и ако во рок од два часа испиете еден литар „бунар“ – популарниот пијалак во кој има бело вино, швепс, минерална вода и лимони. Две мали ракии може, третата веќе е проблематична. Доколку сте женско, а ја имате истата тежина и притоа испиете иста количина алкохол, за вас нема да важат истите правила, туку, напротив, сигурно ги минувате дозволените 0,5 промили алкохол во крвта.

Нивото на алкохол во крвта зависи од повеќе работи: колку организмот на поединецот е подготвен да прими алкохол, колку е тежок, каков алкохол консумира, колку време пие, колку време минало откако престанал да пие, дали јадел… Интернет-порталотwww.zolta.com.mk нуди опција сами да си измерите колкаво количество алкохол имате во крвта откако точно ќе наведете дали сте маж или жена, колку килограми имате, што и колку сте испиле, колку време сте пиеле, а колку време паузирате…

Алкотестирајте се овде

 

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1