НОВОГОДИШНИ БОИ: Ова се најубаво украсените куќа, тераса, кафуле и училиште во Скопје


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, свечено им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2015“.novogodisni-boi-lokal22

-Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ – манифестација со која ги поттикнуваме нашите сограѓани да ги украсат своите домови и работни простории со новогодишни декорации, да придонесат за разубавување на градот и да го дополнат празничниот амбиент. На наградените Градот Скопје ќе им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2015 година- истакна градоначалникот Трајановски.

За да се обезбеди максимална транспарентност изборот за најубаво новогодишно украсени објекти во градот го направи жири-комисија составена од претставници на медиумите.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски упати благодарност до ЕВН Македонија за повеќегодишната поддршка и учество во оваа градска манифестација и да им додели благодарница.

Игор Гиевски, од Бордот на директори на ЕВН, истакна дека неговата компанија веќе пет години учествува и ја поддржува манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје, односно слават еден мал јубилеј, и нагласи дека и во иднина ќе бидат партнери на Градот во организирање на оваа манифестација.

За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа е избрана куќата на Матеа Трпеска, во населбата Водно.novogodisni-boi-kuka33

Комисијата за најубаво украсена тераса, ја прогласи терасата на Филип Нечевски во населбата Аеродром.novogodisni-boi-terasa

За најубаво украсен двор на Средно училиште комисијата го избра дворот на СУГС „Браќа Миладиновци“.novogodisni-boi-uciliste11

Од пријавените угостителски објекти комисијата годинава за најубаво украсен објект го прогласи кафулето GET CAFE во Кисела Вода.novogodisni-boi-lokal

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1