Светот во 2012 година


slide_271767_1921383_free

Барак Обама уште четири години во Белата куќа. Путин повторно претседател.

ЕУ во невоља. Сирија без надеж за мир. Кина се посилна. Грција на работ на пропаст.


САД
– Барак Обама уште еднаш победи во најголемиот политички спектакл на светот. Првиот црн претседател на САД, после четири години во Белата Куќа, сега ќе има шанса вистински да го заслужи местото во историјата и да стави крај на амбициозниот план на реформите во здраственото осигурување, да ја прекине финансиската криза и да ги убеди конзервативците дека климатските промени не се фантазија на залутаните либерали.

Obama

Мит Ромни е веќе заборавен, а Обама се придружи на Роналд Реган, Френклин Рузвелт и Двајт Ајзенхауер на краткиот список на претседатели кои во двете изборни трки ја добија поддршката од повеќето од половината гласачи.
Добрата вест за светот е дека Америка во првите четири години на Обама, не започна ниту една војна, откако ирачкиот хаос го наследи од администрацијата на помладиот Буш. Авганистан и понатаму останува нерешлива енигма, додека Белата куќа се обидува да помине без посериозни лузни од граѓанската војна во Сирија и сите земјотреси што беа предизвикани во конфликтите на Блискиот Исток.

Сепак, од Обама се очекува да го заземе местото во американската политика, како што во спортот го зазема Џеки Робинсон, кој покрај тоа што бил првиот црнец во професионалниот спорт, истовремено одигра фантастична партија за Бруклин Доџерс. Обама засега е само првиот црнец на чело на Америка.

Кина – И покрај големата економска криза во светот, економската моќ на Кина и понатаму расте со ненамалена брзина, па експертите предвидуваат дека оваа држава, некаде за десетина или нешто повеќе години, ќе стане економски најмоќната земја на светот, пред Америка, Јапонија и Русија.

И покрај тоа што е силна, кинеската економија е седум пати помала од американската, или три пати послаба од јапонската.

Kina

Брзиот раст на кинеската економија, неизбежно, предизвикува значителни немири меѓу традиционалностите кои сметаат дека падот или ненадејното повлекување на Америка од местото на глобален гарант, полека неминовно го носи светот во невиден хаос. Американската способност да претставува фактор на трајна стабилност и така е доведен во прашање по авантурата во Ирак и Блискиот исток, па е тешко да се претпостави што тоа Пекинг би го направил полошо од Вашинготн.

Традиционално, Кина е воздржана од сериозната глобална светска криза и само повремено, поради постојаните конфликти во Судан, ваквиот став го променува, како и поради обезбедувањето на изворите на енергенсите, неопходни за понатамошен развој на индустријата. Секако, еден од клучните текстови на кинеската политичка мудрост претставува решавање на спорот со Јапонија околу спорните острови во Источното кинеско море.

Русија – Најголемата земја во светот во 2012 година доби нов-стар претседател. Владимир Путин се врати на чело на Кремељ во времето на сериозни тензии во односите со Запад, пред се поради улогата на Москва во сириската криза, но Вашингтон стравува дека создавањето на Евро-азиската економска заедница, во суштина, е воскресение на Советскиот Сојуз.

Putin

Позицијата на Русија се менува и на економски план, бидејќи Кина ја заменува Германија на првото место во најголемиот трговски партнер на Москва. Менувањето на стратешкото внимание на Русија кон Азија и Пацификот, е јасен сигнал дека Европската унија, која ја доживува најголемата криза од почетокот, во Москва повеќе не претставува ниту модел за развој, ниту магнет за интеграција, туку политиката полека се врти кон азиските пазари, кои пак се во целосен замав.

Русија во односите со Европа, пред се економските, се надеваат дека ќе направат два големи проекти – Северниот и Јужниот поток, чија изградба започна и покрај тоа што постои заладување на односите меѓу Москва и Берлин. Таквите случувања во суштина не одговараат ниту на Русија ниту на Западот, па подржувачите на добрите односи на двете страни на доверба, ги поздравија смелите потези на Обама и Путин во решавањето на низа на отворени прашања, особено на американскиот противракетен штит, кој се уште е во идејна фаза која предизвика бес во Москва.

Сирија – Најкрвавиот настан во 2012 година. Граѓанската војна повремено беше закана за да го запали целиот Блиски исток. За околу 20 месеци загинаа повеќе од 45,000 луѓе, а бројот на бегалците се мери во стотици илјади. До неодамна, пристојната земја е уништена од бомбардирањата на двете страни, со никаква надеж дека понатамошното насилство може да запре и покрај огромниот број на меѓунардни иницијативи.

Sirija
Сите обиди од страна на Обединетите нации не успеаа да ги прекинат конфликтите во кои Асад доброволно ќе остапеше дел од власта и опозицијата еднакво да одлучи за да на крајот се избегнеше, првиот човек на власт во Дамаск во Либија, Моамер Гадафи да заврши на начин на кој што заврши.
На Запад во исто време, со користењето на матрицата во Либија, ги легитимираше бунтовниците како легитимни, надевајќи се дека на тој начи ќе го срушат режимот на Асад и тоа пред цела држава да биде сведена на рушевини. Вооружувањето на бунтовниците, сепак нема да го намали нивото на насилство.

Египет – На бранот на Арапската пролет Египет доби нов претседател. Меѓутоа демократизацијата и секуларизацијата изостанаа, но, затоа пак не и новите улични немири.

EgipatДржавата на крилјата на барањата за демократија доби исламистички устав и владеачкото Муслиманско братство започна истрага за три главни опозициски лидери, вклучително и за добитникот на Нобеловата награда за мир Мухамед ел Барадеја. Економски државата 11 месеци по падот на режимот на Хосни Мубарак е на работ на економски колапс, па тамошната фунта достигна најниска точка во последните осум години. Турција и Катар помогнаа со околу 500 милиони долари.

Франција – Наместо Саркози кој беше премногу Американец за еден француски претседател, Франција го одбра Оланд. Франсоа Оланд во серијата контроверзни потези успеа да ги олади дотогаш идиличните односи со Берлин и да направи вистинска револуција во Франција, со најавата дека најбогатите ќе треба да платат 75% данок. Ваквиот потег беше окарактеризиран од народот дека Франција ќе ја претвори во Куба само без сонце.

MerkelOland
За светот најголем проблем на почетокот на владеењето на Оланд беше конфронтацијата со Ангела Меркел, која францускиот претседател ја сметаше за идеолошки противник, чија штедлива политика за него претставува „ужасна грешка“, која нималку нема да помогне во растот на економската политика. Германците сметаат дека Оланд ужива во конфронтацијата со Меркел.

Европска унија – Нобеловиот комитет мора да е слеп, опседнат или пак да има чудна смисла за хумор, кога одлучил дека баш оваа година Европската унија треба да ја добие Нобеловата награда за мир. Во бранот на проблеми кои ја зафатија ЕУ по грчкиот банкрот, единствена работа за која лидерите на ЕУ беа согласни е да го насочат гневот кон Лондон.

EUИстовремено добар дел од 27-те членки на ЕУ, односно нивните влади ги сопреа трошењата и долговите, што повеќе предизвика контра-ефект, а стапката на невработеност во ЕУ достигна 11,6 %, а зголемувањето на даноците станува се поголем терет на гробот на компаниите и луѓето кои се уште имаат работа.
Голем број на експерти сметаат дека смртоносната комбинација на негативен раст и зголемување на долгот претставува се поголема закана за светската економија од фамозниот американски фискален јазол. Серијата решенија кои Брисел ги подготвува за спас на еврото и заедничкиот пазар тешко може да „помине“ во Лондон. Истовремено кризата претставува силен поттик за сепаратистичките движења, како она во Каталонија.

Грција – Лулка на европската цивилизација е на работ на пропаст.

Grcka

Се очекува во наредната година и покрај сите обиди од страна на ЕУ за да се спречи колапс на грчката трагедија, грчката економија да падне за 3,8% и тоа од неверојатни 20%, за колку што економијата на оваа држава успеа да се издигне во изминатите четири години.

Буџетските заштеди не се доволни за да се спаси државата во која за нејзиниот опстанок ЕУ инвестираше околу 200 милијарди евра. Партиите се поделени на екстремно леви и десни, а луѓето се потешко се помируваат со фактот дека државата де факто е во банкрот, па така со многу среќа до 2020 година, долгот на оваа земја може да се намали на 125% од бруто домашниот производ.

LondonЛондон

Лондон стана првиот голем град во Европа каде што доминантната нација не е мнозинство.

37% од вкупниот број на лондончани се родени надвор од Велика Британија, а белците од Англија, Шкотска и Велс, го сочинуваат само 45% од вкупното население во овој град.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1