Глумецот Бен Стилер, кој се прослави во улогите во комедиите, откри во една прилика на гостување во една емисија дека пред две години му е дијагностициран рак на простата, поради што бил целосно вон себе и неко време не се појавувал во јавноста.
Ѕвездата во филмот „Зооландер“ детално раскажа низ што минувал, а својата борба со опасната болест ја опиша во есејот „Тест за рано откривање на ракот на простата ми го спаси живото“.
Стилер за ракот дознал во јуни 2014 година, а три месеци подоцна резултатите биле изненадувачко добри, односно клетките на рак целосно се искоренети.
Животот ми го спаси тестот за раното откривање на ракот на простатата. Затоа за ова и напиав, затоа што ПСА тестот предизвика многу контроверзни во последните неколку години“, наведе глумецот, кој додаде дека три месеци беа за него вистинско мачење.