Од Белорусија и Полска доаѓаат гласини дека рускиот претседател Владимир Путин брза да го заврши конфликтот со Украина затоа што има рак, пишува српски Курир.
Едни велат дека станува збор за рак на ‘рбетниот мозок, други дека тој имал рак на панкреасот. Наводно, задолжен за лечење на претседателот е постар лекар од некогашна Источна Германија, кој Путин го познава уште од времето кога работел за КГБ во Дрезден, пишува трач рубриката Страна 6 на Њујорк пост.
„Се зборува дека Путин го помилувал бившиот олигарх Михаил Ходорковски знаејќи дека има уште три години од животот. Други зборуваат дека Путин сака да обезбеди место во историјата така што ќе ги прошири границите на Русија, како Петар Велики или Сталин. Изберете ја самите својата верзија“, завршува новинарот на Њујорк пост.