Новите податоци, кои ги објавиле Обединетите Нации, покажале дека вкупниот број на меѓународни имигранти во последните 25 години пораснал за 80 милиони, надминувајќи ја бројката од 230 милиони.
Велика Британија и Северна Ирска влегуваат меѓу земјите со најголем забележан број на имигранти – повеќе од 7,8 милиони.
Бројни европски земји забележале сличен прилив на нови жители, меѓу кои и Германија со 9,8 милиони, Франција со 7,5 милиони и Шпанија со повеќе од 6 милиони.
Од друга страна, САД биле населени од 45,8 милиони луѓе, додека Русија со нешто повеќе од 11 милиони. Саудиска Арабија била населена од 9 милиони имигранти.
Земјите со најмал број на имигранти се Мароко со 50.000, Монголија со 17.000 и Гренланд со 5.000, а на листата се уште Тунис, Папуа Нова Гвинеја, Куба и Гвајана.
На оваа мапа можете да видите колку имигранти живеат во нашата земја – ЛИНК