Српската државјанка Хилда Л. родум од Санџак е пронајдена мртва во својот стан во франфуртската населба Нид.
Исчезнувањето на Хилда го пријавиле пријателите на младата и згодна 29-годишна девојка, по занимање козметичарка, кои се загрижиле што со денови ја нема.
Полицијата и пожарникарите провалиле во нејзинито стан во кој живеела по разделбата со сопругот и ја затекнале мртва со видливи рани на главата.
Со часови истражителите барале траги низ станот, а по обдукцијата е утврдена точната причина за смртта.
Имено несреќната девојак е убиена со неколку удари со тап предмет во главата. Хилда зад себе остави тригодишна ќерка, но не се наведува каде било детето за време на злосторството.
Според полицијата, Хилда уште во април годинава поднесе пријава против сопственото сејество, зошто се чувствувала загрозена.
Според тие извори, родителите традиционалисти и се заканувале дека не можат да се помирант со нејзиниот “западен начин на живот“.