Свлечиште во Шишево ќе голтне десетина куќи!


Големо свлечиште закана за десетина семејства од село Шишево во Сарај. Мештаните исплашени бараат помош преку медиумите. Куќите им се лизгаат надолу, а општината ништо не презема велат тие.

Поради изградба на пат земјиштето се рони пред нивните очи. Машините кога работат предизвикуваат тресење буквално како земјотрес, јавува Сителsvleciste

Потпорен ѕид нема и  стравуваат дека наредниот силен дожд може да  им го сруши кровот над глава. Побарале помош од општината но до сега оттаму  не презеле ништо. Велат принудени се да одат до крај и спасот да го бараат на суд.

Со пробивањето на патот локалната власт заземала дел и од нивните парцели а за истото не добиле никаков надомест тврдат мештаните.

Со копањето е уништен громобранскиот кабел за уземјување, автомобилите ги паркираат 500 метри подалеку бидејќи немаат ниту  пристап до својот  двор. Без пат дел од нив  велат неможат ниту да го легализираат својот имот.

За проблемот на жителите од Шишево побаравме одговор од општина Сарај. Оттаму не беа кооперативни и  рекоа дека секторот кој е надлежен за овој проблем е на терен и одговор да побараме  во текот на идната недела.

Сител.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1