СЗО до Европа – Ставете ги во изолација контактите на зарaзените со Ковид-19


Ставете го контактите на заразените со Ковид-19 во изолација е пораката на СЗО до властите во Европа. Шефот на службата за итни случаи на СЗО смета дека неизолирањето на контактите на заразените е една од причините за високите бројки на новозаразени во Европа.

Во околу половина од земјите на Стариот континент СЗО минатата недела забележа 50-процентно зголемување на бројот на инфекции. Црната ковид статистика ги натера Европа и регионот на дополнителни и заострени мерки. Од среда на полноќ Ирска воведува најстроги мерки кои вклучуваат ограничување на патувањето на граѓаните на пет километри од нивните домови, затворање на продавниците за малопородажба, освен за основните потреби, а рестораните ќе работат само со испорака. Училиштата засега ќе останат отворени. Во Словенија од денеска во рамки на новите антиковид мерки на сила е полициски час од 21 до 6 часот. Ноќен полициски час има и во франција и Белгија. Ако не се намали бројот на заболени од ковид, белгиските власти најавија најстрог модел на карантин.

Последната предизборна ТВ дебата Трамп – Бајден ќе се одржи со ново правило. За да се избегне хаосот од првата, за време на дебатата во четврток ќе се исклучува микрофонот на претседателскиот кандидат кога нема да има право да зборува, објави комисијата за претседателски дебати во САД. Изборите за претседател на САД ќе се одржат на 3-ти ноември, а над 30 милиони американци веќе го дадоа својот глас. Според анкетите актуeлниот претседател заостанува зад демократскиот кандидат Џо Бајден.

Со цел да се намалат сообраќајните прекршоци, главниот град на Словенија се одлучи на радикален чекор. Градската управа на Љубљана реши јавно на билборди поставени низ градот да ги објавува сторителите на прекршоци во сообраќајот, особено оние кои ја загрозуваат безбедноста на пешаците и на инвалидизираните лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1