T- Мобиле веќе нема да постои во Македонија


Одборите на Директори на Македонски Телеком АД-Скопје и на Т-Мобиле Македонија, на вонредните состаноци одржани на 20 Април 2015 година, одобрија склучување на Анекс на Спогодбата за присоединување на Т-Мобиле Македонија АД Скопје кон Македонски Телеком…

Првично одобрена и склучена на 31 октомври 2013 година.tmobile

Во согласност со Анексот на Спогодбата за присоединување, деловните активности на Т-Мобиле Македонија, како Друштво коешто се присоединува, ќе престанат заклучно со 30 Јуни 2015 година.

Спогодбата за присоединување и Анексот на истата ќе бидат предмет на конечна потврда од страна на Собранијата на двете Друштва, коишто треба да го одобрат присоединувањето на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком, со што ТММК ќе престане да постои.

Одборот на директори на Македонски Телеком на својот состанок го одобри и новиот Предлог за усвојување на нов Статут на Друштвото, којшто ќе биде со примена од 1 Јули 2015 година, по усвојување на истиот од страна на Собранието на МКТ. Претходниот Предлог за нов Статут на Друштвото беше составен дел на првично склучената Спогодба за присоединување на ТММК кон МКТ. Новиот Предлог за усвојување на нов Статут на Друштвото произлегува од одобрувањето на склучување на Анексот на Спогодбата за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком, во кој се менува датумот на кој ќе престанат деловните активности на TMMK, како резултат на што се менува и датумот од кој ќе се применува новиот Статут.

Одборите на Директори донесоа Одлука за одобрување на спроведување на најавената интерна истрага во Македонски Телекоми Т-Мобиле Македонија.

На вонредниот состанок, Одборот на Директори на Македонски Телеком го избра Панче Кралев, којшто е неизвршен член, за Претседател на Одборот на директори, со мандат од 21 Април 2015 година.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1