Славица Трипуновиќ од Борово е последната најубава жена во Југославија. После тоа, СФРЈ исчезна, но Славица сепак не дозволи да исчезне и нејзината кариера. После освојувањето на круната, таа ѝ се посвети на музиката, го зема уметничкото име Дајана, при што имавме прилика да ја видиме и во некои ријалити емисии.
Во петтата деценија од животот, Славица изгледа одлично, но сепак не крие дека покрај генетиката и грижата за себе си и својот физички изглед, голема улога во тоа игра и естетската хирургија.
Славица во 2009-та година ја однесе победата и во борбата со ракот на грлото на матката, а најголема сила за да се бори ѝ давал нејзиниот син Алекса. Со оглед на фактот дека болеста била откриена во рана фаза, Славица успешно се опоравила.
После тоа на одреден период се повлекла од јавноста, за потоа во 2013-та година да објави дека ќе се мажи за милионер од Канада по името Давид.