Слаѓана и нејзиниот избраник Фарук ја направија свадбата која долго ќе се помни и прераскажува како една од најубавите било кога направени. Катар е земјата каде работата и љубовта ги спои овие две души. Слаѓана работи со медицинска опрема, а Фарук е доктор. Таа е Mакедонка, а тој е од Египет, објави порталот Во Бело.
Својата љубов ја крунисаа првично во Катар и тоа на 1 декември( роденденот на Слаѓана), а потоа направија и свадба на Малдивите. Летово тие направија и традиционална македонско- арапска свадба во Македонија. Сите адети и традиции беа испочитувани.
Повеќе фото на порталот Во Бело.