Таа вришти во када, децата и се тепаат – Дадилката откри шокантни тајни за Анџелина Џоли


Во семејството на Анџелина Џоли и Бред Пит владее општ хаос, наведувааат соседите и вработените кај оваа славна двојка. Децата прават сè што ќе посакаат, а за тоа време глумицата вика на цел глас во кадата.

angelina joli– Не се знае кој е полош. Сите постојано се тепаат, се маваат со храна, викаат на цел глас наутро и сред ноќ, а збунетите родители како да не се ни трудат да ги дисциплинираат – раскажуваат соседите.

Холивудската златна двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит и самите велат дека на децата им го препуштиле водењето на куќата. Тоа нивната чистачка ја довело до раб на нервен слом.

– Жената што чисти во домот на Анџелина и Бред е на раб на нервен слом. Работи од утро до мрак бидејќи никогаш не видела понеуредни деца. Собите се преполни со расипана храна, нечиста облека и мртви инсекти. Ниту едно дете не го чисти нередот што го остава зад себе, а и родителите мислат дека тоа им е под честа – открила поранешната дадилка во домот на Бранџелина.

Анџелина и Бред поради разгалените деца се непожелни во 12 луксузни хотели ширум светот. Од сите тие хотели ги исфрлиле бидејќи децата го уништиле мебелот.

Brad-Pitt-with-familyЕдинствен кој е малку свесен е Бред. Тој наутро им приготвува појадок на децата, додека Анџелина, која одвај знае да испржи јајце, вежба, ги води децата во музеи и им подготувва тематски забави. Бред дворецот во Франција го претворил во бункер за зомби, кои децата ги обожаваат.

– Анџелина е најслабата карика во семејството. Кога и да се појави проблем, таа само исчезнува или оди на терапија со викање. Ја полни кадата, седнува во водата и вика од петни жили – вели дадилката која уште открива дека во нивниот дом се зборува исклучиво на француски јазик.

Иако имаат милиони, Анџелина и Бред на децата не им купуваат ништо скапо. Често носат облека од „second hand“ бутиците, а за Божик и за другите празници сите подаруваат исклучиво работи кои сами ги направиле.

Камбоџанецот Медокс (12) постојано ги малтетира помладите браќа и сестри, а Виетнамецот Пакс (10) го исфрлиле од училиште бидејќи удрил ученик. Захара (9) од Етиопија е опседната со шминка, Шајло (7) носи само машка облека. Нокс (5) е луд по мечеви и се плаши од вода, а Вивиен (5) е вистински мала принцеза.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1