Таблет за студентите – еве кои се условите за добивање ваучер


Со Законот за издавање вредносни бонови – ваучери кој беше изгласан вчера (24.03) од страна на Собранието на РМ, се уредува постапката за издавање и искористувањето на вредносните бонови-ваучери кои се користат за набавка на таблет компјутер со надворешна тастатура, за потребите на редовните студенти државјани на Република Македонија запишани за прв пат во трета и четврта година на прв циклус на студии во учебната 2014/2015 година на високо образовните установи во Република Македонија и студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани во било која година на студии во учебната 2014/2015 година на високо образовни установи во Република Македонија, пишува Правдико.

Со вредносен бон-ваучер, се стекнуваат студентите од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход android-tablet-620x264

Редовниот студент својот статус дека е од семејство во кое вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход го докажува со уверение издадено од Управата за јавни приходи за остварени приходи по разни основи за 2014 година (приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, приходи од самостојна дејност, остварена плата на вработени членови на семејството или редовниот студент), за двајцата родители или старатели на студентот поединечно и за самиот студент.

Студентот кој живее со еден родител или без родители истото го докажува со фотокопија од акт за престанок на бракот или извод од матична книга на умрените, а студентите кои засновале брак и оформиле семејство истото го докажуваат со фотокопија од извод од матичната книга на венчани.

Вредносните бонови-ваучери се издаваат во номинална вредност од 8000 денари.

Вредносните бонови-ваучери можат да се искористат за купување на таблет компјутер со надворешна тастатура најдоцна до 25 јуни 2015 година.

За спроведување на овој закон се потребни 1,5 милиони евра, пари кои ќе бидат обезбедени од буџетот на Министерството за информатичко општество.

Извор: Правдико.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1