За овој прекршок полицијата ќе ви го одземе возилото и ќе платите 500 евра казна


Оваа новина доаѓа со измените на Законот за јавни патишта. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините. Доколку ја скршите наплатната рампа на патарина, полицијата трајнo ќе ви го конфискува возилото. Покрај одземањето на возилото, ќе платите и глоба во износ од 500 евра.
patarina mk 5
На барање на руралните средини  со измените на Законот  се овозможува заштитниот  појас покрај регионалните и магистралните патишта да не биде помалку од пет метри, наместо досегашните 20. Со оваа одредба, појасни Јанакиески, ќе овозможиме да се легализираат  определен број објекти и да се урбанизираат  определени подрачја.
Попрецизно се регулира и одобрувањето и поставувањето натписи, реклами,  табли и инсталации  во заштитниот појас на државните патишта, како и заштитни огради и столбчиња на патиштата во општините и Град Скопје.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1