Пилотите на „Germanwings“ одбиваат да се качат во авионите „Airbus“


Пилотите на авиокомпанијата „Germanwings“ почнаа да ги одбиваат своите летови со авионите на „Airbus“ по несреќата во вторникот на нивни колеги со „A320“ во Франција, при што загинаа сите 150 патници.

Веста се појави на официјалниот сајт на авиокомпанијата синоќа во 23:30 часот по македонско време.germanwings avion

Во краткото соопштение не се споменува за брендот на авионите, но се вели дека „по трагичниот инцидент ги опишуваме некои прекини за нашите редовни линии. Ова се должи на членови на екипажот, кои одлучија да не летаат со авионите денес. „Ја разбираме нивната одлука“, изјавил Томас Винкелман, портпарол на раководството на „Germanwings“. Треба некои летови да бидат откажани“.

Според лондонскиот „Тајмс“ станува збор за „бојкот“ на специјалните авиони, кои се стари како и урнатиот 24-годишен „А-320“. „Манхајм“, како што се викаше авионот, имал 58 300 часа лет. (Просечната возраст на флотата на „Germanwings“ сепак е 9.2 години.)

Оваа одбивање на пилотите да летаат како на германските аеродроми, така и на лондонските „Хитроу“ и „Станстед“ и во Манчестер „Тајмс“ го наведува оваа како одбивање на пилотите од  „лични причини“.

Списанието „Шпигел“ потврдува дека откажување за извршување на летовите имало во попладневните часови на 24 март во Дизелдорф, но изданието додава дека биле погодени и летовите со „Airbus“ и на „Lufthansa“, која е сопственик на „Germanwings“.

Станува збор за редовни летови до Мадрид, Лондон и Стокхолм.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1