Тачи: Ако кажам сѐ, Заев ќе има проблеми со семејството (ВИДЕО)


-Господниот Заев има и многу полоши и потешки пораки, кои се однесуваат за него лично и за неговото семејство. Сакам уште еднаш да им укажам дека нема да постигнат никакви позитивни ефекти со такви валкани игри.

taci500Ова го изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи за време на неговото гостување на Канал 5 телевизија, откако денеска на прес конференција обелодени мега скандал, објавувајќи СМС пораки со кои Зоран Заев го молел да соработуваат.

Тој посочи дека СДСМ како опозиција жестоко го напаѓала веќе неколку месеци, со како што ги нарече, нечисти и валкани напади од нивна страна..

-Моето објаснување беше дека оние се толку изнервирани што ние не ја прифативме нивната непристојна понуда, и сега не напаѓаат мислејќи дека со тоа ќе успеат да ги убедат ДУИ да се вратат на старото јато. ДУИ е производ на СДСМ, ДУИ е производ на таа политичка ситуација од 2001 година кога имаше и јавна и тајна поддршка на СДСМ, потенцираше Тачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1