Тачи: Албанците да ја земат судбината на своите права во свои раце – Рама: Без Албанците нема Македонија


Се разгоре гневот кај албанските лидери. Подгревање на национализмот и повици за одбрана на албанскиот идентитет пристугнуваат од Тирана и Приштина. Земете ја судбината на своите права во своиу раце им порача на алабанците во Македон ија, Косовскиот претседател Хашим Тачи. Социјалните медиуми се главно место за испраќање на пораките.

Тачи денеска денот го започна токму со пораката до Иванов.TACI

– Со неговата одлуката Иванов ја погреба демократијата, непризнавајќи ја волјата на граѓаните, Уставот и законите и го погреба Охридскиот договор. Албанците и Македониците се државотворни народи и Македонија треба да биде држава на сите свои граѓани. Без еднакви права на Албанците и Македонците се губи смислата на функционирањето на македонската држава. На крајот, Албанците треба да ја земат судбината на нивните права во свои раце, напиша Хашим Тачи на својот официјален профил.

Еди Рама уште синоќа му се обрати на Македонскиот претседтел.

– Господине Иванов, албанскиот јазик не им припаѓа на вашите непријатели, туку на уставотворен народ во земјата, без Албанците нема Македонија, му порача Рама на Иванов.

Но неговата изјава воопшто не наликува на сатвовите кјои ги имаше на стартот на својот мандат. Пред само неколку години тој на Иванов во Тирана му честиташе за односот кон албанската заедница во Македонија, за разлика од правата кои Македонците во Албанија ги немаат.zaev-rama

– Господинот Претседател ми ја изрази неговата загриженост и упати барање да се покаже поголемо внимание за македонското малцинство во Албанија. Јас оваа порака ја примив, не само како обврска и заложба на нашата влада кон сите малцинства во Албанија, туку и како израз на фактот дека ние не можеме да бараме од некого нешто, што и самите не може да го исполниме и да го дадеме на другите, рече Рама во 2013та година.

Покрај пораките на социјалните мрежи, според пишувањата на албанските медиуми Албанија се одлучиула да превземе и конкретни чекрои. Синоќа во Тирана, вонреден состанок имало во МНР каде се одлучувало како да се постапи по одлуката на Иванов. Официјалната порака се очекува да биде испратена денеска до македонското МНР.

По пишувањето на Рама, реакција до него упати премиерот Димитриев во која му порачаува да не го разгорува националистичкиот оган и да не се меша во внатрешните работи на Македонија.

– Конечно, многу е некоректно да потпалувате националистички оган. Албанскиот јазик е нашироко застапен во Македонија. Албанскиот јазик, како и турскиот, српскиот, влашкиот, босанскиот и ромскиот, заедно со македонскиот јазик е дел од културата и богатството на Македонија. Ангажираме големи ресурси за промоција на јазикот и културата на нашите заедници. Добро ќе биде да не’ следите во тој правец. Во Албанија, не толку одамна, морало да се затвораат прозорците ако по дома се говорел мајчиниот јазик, за да не слушне некој. Ние тоа искуство сме го немале никогаш. Македонските граѓани, без разлика на нивната етничка и верска припадност, сами пребродиле многу кризи во историјата, ќе ја надминат и оваа. Наша заедничка цел е и понатаму да продолжиме со градењето силно граѓанско општество кое ќе биде дел од евроатлантското семејство, напиша на својот профил Емил Димитриев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1