Бејли: Иванов повторно да ја разгледа одлуката, соседите да покажат воздржаност


Иванов да ја преиспита вчерашната одлука која не е во согласност со демократските вредности на НАТО, порача денеска американскиот амбасадор Џес Бејли пред средбата со неговите колеги од Европската Унија.bejli 33

– Како стратешки партнер на Македонија и како пријател со целосна почит кон македонскиот суверенитет и единство, го повикуваме претседателот Иванов повторно да ја разгледа оваа одлука, вели амбасадорот на САД.

По провокативните пораки од Тирана и Приштина, Бејли упати порака и до владите на соседните земји да покажат конструктивност за да не дојде до дополнително усложнување на политичката состојба во Македонија.

-Истовремено ги повикуваме македонските соседи да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овие моменти на чувствителност во земјата – изјави Бејли во кусата изјава.
Пред почетокот на средбите во седиштетот на делегацијата на Европската Унија, Бејли преку Твитер го поддржа и вчера искажаниот став на еврокомесарот Јоханес Хан.

Сите политички лидери, вклучитлено и претседателот Иванов, мора да го почитуваат исходот од неодмнешнтие избори. Во демократијата, мора да се признае парламентарното мнозинство, дури и ако тоа не ви се допаѓа. Затоа, очекувам сите политички лидери и институциите да му дозволат на демократскиот процес да се одвива по својот тек, во интерес на граѓаните, порача Хан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1