Тачи: Да се смират тензиите и протестите


Лидерот на ДПА Мендух Тачи по средбата со абасадорот на САД, Пол Волерс повика да се смират тензиите и насилствата.

taci menduh-Ставот на ДПА е дека директно Владата, поточно ДУИ е виновна за ваквата ситуација.ДУИ цела година имаше големи ветувања, имаше формални и неформални ветувања кон семејствата на обвинетите, за осудените лица. Тоа е хипокризија во ДУИ.

Имаат право луѓето на протест, но јас, во името на ДПА, ги замолувам Албанците да протестираат мирно, зашто никому не му одат во прилог насилните протести – на Албанците не им одат во прилог.

Сите треба да сме свесни за тоа. Државата треба да биде потранспарентна, судската одлука треба да ни биде доставена на сите, да ја разгледаме. Овој процес ќе биде кредибилен доколку се врати во нулта позиција, а потоа во транспарентен процес да видиме дали овие луѓе што беа обвинети и осудени, се виновни или не го сториле убиството, изјави Тачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1