Косовскиот претседател Хашим Тачи реагира по информациите дека неговиот брат Гани Тачи денеска се степал со две лица во Косовското биро за осигурувања (БКС), порачувајќи дека фактот дека некој е во роднински врски со него, никому не дава за право да делува против законот.
„Запознаен сум со вмешаноста на мојот брат во една спорадична физичка пресметка. Никогаш нема да оправдам ниедно противзаконско дејство од кого и да е, дотолку повеќе во еден ваков случај. Да се биде член на семејството на висок државен службеник не подразбира имунитет ниту амнестија за било кого. Напротив, одговорноста е индивидуална“, напиша косовскиот претседател на Фејсбук.
Тој ги повика органите на редот „случајот да го третираат согласно законот“.
– Само така градиме правна држава, во која сите ќе бидеме еднакви пред законот и правдата – порача Тачи.
Попладнево Гани Тачи, брат на косовскиот претседател, физички нападна две лица во БКС, и тоа директорот на Бирото Блерим Пушколи и директорот на косовското претставништво на словенечката осигурителна компанија „Илириа“, Ѓани Соколич.
По преземените оперативни активности, надлежното обивнителство во Приштина соопшти дека осмоничени за предизвикувањето на иницидентот во просториите на БКС, за време на работен состанок, се Гани Тачи и неговиот возач.