– Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ги повтори неговите заложби за, како што вели „корекција на границите“, изразувајќи уверување дека со тоа Косово ќе обезебди принавање на независноста од страна на Србија.
– Нема воопшто да биде лесно во наредните денови, недели и месеци, бидејќи не очекува демаркација или корекција на границата од 430 километри. Корекцијата на границата му обезбедува на Косово автоматски директно признавање од Србија. Признавањето од Србија подразбира и признавање од петте земји на Европската унија, а тоа подразбира и симнување на руското вето, изјави Тачи.
Тој го поздрави барањето на претставниците на Албанците од Прешевската Долина за резолуција во косовското Собрание за обединување на тој регион во јужна Србија со Косово и ги повика сите парламентарни партии што поскоро да го изгласаат владиниот тим за преговори со Белград.
– Целосно го почитувам правото на Албанците од Прешево и Бујановац. Нивното барање упатено до косовските партии е правично и во согласност со легитимните конвенции. Преговарчкиот тим треба да стане функционален, да ја започне работата и да има единство, како меѓу партиите од коалицијата така и со опозициските партии, рече Тачи.