Тачи од Интерпол заминал со наслозени очи – приштинската делегација во шок


Хашим Тачи со плачење го напушти Седиштето на Интерпол кога беше се јасно дека Косово не доби мнозинство гласови за влез во организацијата.

Косово вчера доби огромен пораз во Дубаи, ни во двата обиди не успеа да обезбеди членство во Интерпол.

Приштинските делегати на гласањето пристигнале многу самоуверени и беа облечени во униформи, а на крајот останаа во шок по крајниот резултат.

По седницата Владата на Косово излезе со соопштение и за поразот го обвини Белград, поточно ја обвини нивната „Дива Кампања“

– Дивата кампања на Република Србија го покажа уште еднаш нејзиниот карактер против Косово и против нормализацијата на односите со Република Косово, дотолку повеќе што ова зачленување беше техничко, а не политичко прашање, се наведува во соопштението од Кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај.

Според косовската Влада, гласањето против приемот на Косово во Интерпол е во полза „единствено на криминалот и на криминалците и никој не би требало да се радува на тој факт“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1