Таен план: Нова Југославија ќе се роди на Видовден!


Југославија ќе биде формирана на денот на Свети Видовден, верски празник на Српската Православна Црква кој е поврзан со уште неколку поважни датуми како што е Косовската битка од 1389-та година, но и прогласувањето на уставот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците од 1921-ва година, тврди Давор Домазет Лошо.

Хрватскиот, пензиониран адмирал, давор Домазет Лошо, не се откажува од својата теорија за постоењето на меѓународен план за реставрација на Југославија под името “Југосфера”.

davor-domazet-loso-printskirn-kje-se-sozdavala-nova-Jugoslavija-02Домазет тврди дека се е испланирано да се случи токму оваа година на Св. Видовден, верскиот празник на Српската православна црква кој е поврзан со уште неколку позначајни датуми, како Косовската битка од 1389-та година, и прогласувањето на уставот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците од 1921-ва година, од времето на владеењето на кралот Александар.

Домазет предупредува дека Хрватите би можеле многу да се противат на обновувањето на Југославија. Инаку Домазет уште пред четири години го изјави своето пророштво дека Југославија ќе биде обновена и реставрирана во 2014-та година. Денес не се откажува од своите тврдења за тоа дека постојат сериозни меѓународни планови во кои е ангажирана дури и Велика Британија.

Да, се разбира дека сеуште мислам така. Па само погледнете што се случува во Босна и Херцеговина. Сакам само да разјаснам дека тогашните изјави малку лошо беа пренесени. Изразот Југосфера не е моја измислица ниту фикција, тоа е термин кој го користат земјите од западот кога зборуваат за нас”, -кажува Домазет.

EX JUGOSLAVIJA“Овие протести “мирисаат” на политиката на Милошевиќ. Викаат: Ова е Босна! – а за Херцеговина ништо. Поради тоа бараат да се укине кантонот во федерацијата, понатаму, сегментите на власта во кои Хрватите остваруваат каква-таква конституивност и се прокламираат демократски: еден гласач-еден глас” …

Тој смета дека доаѓањето на шефот на турската дипломатија, Ахмет Давутоглу, во Сараево за време на екот на протестите, не е случајно.

“Фактот дека БиХ пред повеќе од година дена беше посетена од страна на премиерот на Турција, Тајип Ердоган со шест свои министри, и во таа прилика изјави дека Турција е заинтересирана за БиХ, објаснува многу за тоа. Меѓудругото, нивниот министер за надворешни работи е авторот на документарецот “Стратегиска Длабочина” во кој јасно се дефинирани турските стратешки интереси до 2071 година!” – тврди поранешниот адмирал Давор Домазетов.

Според негови зборови, претседателот Иво Јосиповиќ треба да го прекине стратешкото партнерство со Велика Британија и да се ориентира кон САД, Израел и Германија. Мора, вели тој, да инсистираме на тужба против Србија, со цел да се заштитат Хрватите, да се ратификува Вашингтонскиот договор, бидејќи е загрозен не само опстанокот на БиХ туку и Хрватска како држава.

Сите овие елементи укажуваат на желбата да се создаде една нова Југославија кое, тврди, веќе оддамна почнато.

vestinet.rs

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1