28/05/2020 17:02
•
Posted by: MK News
58 годишниот фармацевт Петар Мојсоски од струшко е првиот здравствен работник кој вчера почина како последица од компликациите на Ковид 19. Мојсоски се заразил на работното место во аптека а поради влошената здравствена состојба бил хоспитализиран на Клиниката за Инфективни болести. Но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот. Од Фармацевтската Комора изразувајќи длабоко […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2020 19:24
•
Posted by: MK News
Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес – конференција изјави дека Владата донела одлука од утре да не важи полицискиот час. Ден подоцна ќе работат угостителските објекти, со утврден протокол Од 1 јуни ќе престане да важи одлуката за одредени категории граѓани да се ослободуваат од работа. Државниот карантин ќе се замени со домашна изолација за […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2020 19:21
•
Posted by: MK News
По 42-часовниот карантин кој што траеше 11 часот во недела до 05 часот утринава Комисијата одлучила а Владата усвои укинување на полцисискиот час. На денешната прес конференцијата која се одржа веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Влада, Оливер Спасовски ги соопшти одлуките кои беа донесени на денешната Владина седница. Од утре 27 мај целосно […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2020 16:52
•
Posted by: MK News
Катица Јанева уште е во филмот на „Чарлиевите ангели“, со овие зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет”. Според неа, Јанева со своите Чарлиеви Ангели, била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото. Рускоска потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2020 14:36
•
Posted by: MK News
Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978, бројката на починати е 113, оздравени пациенти се 1.422, а има и 443 активни случаи. Од 37-те […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2020 14:52
•
Posted by: MK News
„Кога се беше завршено требаше да почекаме неколку моменти за да зачука срцето. Реагиравме за да го помогнеме овој процес и тоа се случи. Пресаденото срце работеше со очекуван ритам. Салата беше полна и нормално дека имаше позитивни реакции. Прво неколку секунди сите молчеа, а потоа се слушна ракоплескање, воодушевување, а имаше и по некоја […]
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2020 14:29
•
Posted by: MK News
Сто и три прпадници на полицијата се ставени во изолација, а 14 од нив се позитивни на Ковид-19. Засега не се знае како дошло до нивно заразување. Во изолација се ставени полицајци од Скопје, Тетово, но и од други градови. Македонскиот полициски синдикат бара од министерот за внатрешни работи да најде начин за да обезбеди […]
______________________________________________________________________________________________________
20/05/2020 16:54
•
Posted by: MK News
Комисијата за заразни болести предлага карантин за претстојниот празничен викенд, кој ќе почнува од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот наутро, изјави Министерот за здравство. Филипче вели дека оваа мерка е предложена бидејќи најголем број од последните случаи се поради семејни собири. Побара институциите ревносно да работат и да има поголема контрола […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2020 20:29
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија на денешната 55-та седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово. На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2020 13:46
•
Posted by: MK News
Основниот граѓански суд Скопје информира дека од утре ќе се одржат сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19. -Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од страна на […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2020 16:30
•
Posted by: MK News
На 1 јуни Србија ќе ги отвори границите со Македонија, но и со уште 3 земји од окружувањето, дознава Блиц.рс. Како што пренесува порталот, во потполност ќе се отворат границите со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора. Ваквата одлука е донесена, бидејќи ниту една од овие земји не беше жариште на коронавирусот. Одлуката е донесена […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2020 16:28
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство, јавува Сител. Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај. Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: [email protected]. Упатуваме апел […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2020 15:55
•
Posted by: MK News
Македонија повторно е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на заболени и починати лица од коронавирусот. Во соседството, нашата држава е на неславното прво место. Имаме најмногу смртни случаи во споредба со Грција, Србија, Албанија, Бугарија и Косово, сите соседни земји, на починати на еден милион жители. Меѓу земјите од регионот, пак, само […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2020 14:59
•
Posted by: MK News
На Инфективната клиника во Скопје изутрината почина еден од најпрепознатливите лица на македонската забавна сцена. Естрадата го загуби Драган Вучиќ, телевизискиот лик долги години присутен на малите екрани. Вучиќ во претходните денови бил во тешка здравствена состојба и бил приклучен на респиратор, по компликациите предизвикани од коронавирусот. Борбата за оздравување почнала пред 10-ина дена, откако […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2020 14:00
•
Posted by: MK News
Учениците не се враќаат во училишните клупи до 10 јуни. Министерот за образование Адеми соопшти дека основците и средношколците продолжуваат со настава како и досега, преку интернет од дома. Годинава нема да има полагање ниту матура. Се укинува и државната и училишната матура но и завршниот испит во средните училишта. Сепак Адеми појасни дека сите […]
______________________________________________________________________________________________________
30/04/2020 14:45
•
Posted by: MK News
Гордана Николиќ, една од првите здравствени работници, која во кумановската болница се зарази од корона вирусот, веќе 40-ти ден е позитивна на Ковид-19. Таа на фејсбук ја сподели својата лична борба со вирусот, но и со Фондот за здравство. Како лекар кој се заразил на работното место, таа плаќа партиципација за лекарските услуги, а згора […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2020 20:59
•
Posted by: MK News
Првомајскиот викенд карантин ќе стартува од 14 часот. Владата се откажа од идејата за тридневно целосно ограничување на движењето на граѓаните. Во петок, сабота и недела движењето ќе биде дозволено од 5 часот изутрина до 14 часот попладне. Посебни мерки ќе важат и за старите и младите лица. За граѓаните над 67 години полицискиот час […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2020 14:00
•
Posted by: MK News
Лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19 кај нас ќе започне од утре. Во болницата „8 Септември“ ќе започне лекување на овие болни со озонотерапија, изјави денеска министерот за здравство Венко филипче. -Дури и со овие два начини на лекување и со крвната плазма која што почнува практично од утре, за првпат ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________