13/11/2026 09:24
•
Posted by: MK News
Клучните услуги на технолошкиот гигант „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и „Тимс“, вчера беа во прекин околу десет часа, предизвикувајќи сериозни нарушувања во работењето на голем број компании и државни институции ширум светот. Најпогодени беа функциите од пакетот „Мајкрософт 365“ кои зависат од платформата „Ексчејнџ онлајн“, а платформата „Даундетектор“ регистрираше над 130 илјади пријави за проблеми […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2026 10:32
•
Posted by: MK News
Од денеска, 9 ноември, почнува примената на новите стандарди во домашниот денарски платен промет. Денарските сметки ќе се прикажуваат во ИБАН-формат, досегашните уплатници се заменуваат со нови платни налози, а се менуваат и шифрите за намената на плаќањата. На пример, досегашната шифра 262, за „Други неспоменати плаќања на правни субјекти“, се заменува со NOWS — […]
______________________________________________________________________________________________________
08/11/2026 18:38
•
Posted by: MK News
Ниту една повеќе – протест против насилството врз жените Протестот беше организиран по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која претходно во повеќе наврати пријавувала насилство и закани по живот. На денешниот марш, од нејзина сограѓанка беше и споделено дека Билјана со недели не одела на училиште, но никој не реагирал за тоа. Нејзината […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2026 18:25
•
Posted by: MK News
На денот кога голем број граѓани доаѓаат да им оддадат почит на своите починати, гробиштата во Бутел ги пречекуваат со купишта ѓубре, расфрлани дрва, гранки и кучешки измет. Расфрлани дрва, гранки, отпад и нечистотија меѓу гробните места. Наместо уреден и чист простор, луѓето кои денес дошле да им оддадат почит на своите починати ги пречекува […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2026 09:21
•
Posted by: MK News
Смртни закани, физички напад, оштетен телефон и бегство низ прозорец ѝ претходеле на трагедијата кај Богданци. На 3 октомври во запален автомобил било пронајдено тело на 17-годишна девојка, а нејзиното момче било пронајдено мртво покрај возилото. Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше пронајдена мртва во трагедијата кај Богданци, заедно со 21-годишниот Виктор Гунтаров. Според […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2026 13:50
•
Posted by: MK News
Полициските возила ќе станат мобилни камери за откривање сообраќајни прекршоци во местата каде што нема „Безбеден град“, а новата контрола треба да почне во 2027 година, Системот „Сејф сити“ ќе се проширува и со мобилни камери поставени во полициските возила, вклучително и во цивилните. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека возила на МВР […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2026 11:29
•
Posted by: MK News
Полициски службеници од штипската полиција од утрово вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје по сомнение за манипулација со испити и други постапки пред службите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, објави Press24 Под сомнение е едно лице кое било вработено на Универзитетот како раководител на ИТ секторот. Извори на Сител откриваат дека […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2026 11:00
•
Posted by: MK News
Лицата ангажирани со привремени договори во дел од јавниот сектор би добиле вработување на неопределено време во две фази, најдоцна до 31 декември 2027 година. Ова го предвидува Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, поднесен од група пратеници по скратена постапка. Трансформацијата ќе зависи од исполнувањето на условите за работното место и согласноста на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2026 12:20
•
Posted by: MK News
Нов закон за квалитетот на амбиенталниот воздух, седум нови подзаконски акти и национални планови за наредната деценија се дел од решенијата подготвени во рамките на двегодишен проект финансиран со 1,5 милион евра од Европската Унија. Целта е подобро следење на загадувањето и поефикасно спроведување на мерките за заштита на воздухот. Министерот за животна средина и […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2026 18:13
•
Posted by: MK News
Од утринава се вршат претреси на десетина локации, поради нова акција на Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР. Во рамките на истрага за сомнителни финансиски трансакции и можни злоупотреби поврзани со приватна болница и Фондот за здравствено осигурување. Штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2026 08:18
•
Posted by: MK News
Граѓаните на Македонија ќе можат да користат бесплатен дигитален паричник преку мобилната апликација „м.Услуги“, која ќе овозможи полесен пристап до електронски документи и државни услуги, без непотребно одење на шалтер. Ова го најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Од четврток, граѓаните ќе можат да го користат електронскиот паричник на своите мобилни телефони, преку кој […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2026 13:01
•
Posted by: MK News
Повеќе од половина милион луѓе излегоа на улиците низ Франција поради сè повисоките трошоци за живот, а протестите прераснаа во насилство и грабежи, меѓу другото и во Париз. Околу 550.000 демонстранти учествувале во протестните маршеви низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави министерот за внатрешни работи Лоран Нунез. На маргините на протестите, групи […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2026 14:52
•
Posted by: MK News
Подводната пештера Врело во кањонот Матка испиша светска историја. Меѓународен тим спелеонуркачи достигна длабочина од 338 метри и постави три светски рекорди. Реко рдното нуркање на Полјакот Бартломиеј Питала траело девет часа, соопшти Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. Пештерата на Матка сега е најдлабоко истражената подводна пештера во светот, според резултатите што ги објави клубот. Досегашната истражена […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2026 12:26
•
Posted by: MK News
Откако бугарските власти соопштија дека нема да ја екстрадираат Ива Михајлова во Северна Македонија, повикувајќи се на ограничувањата во бугарското законодавство и Уставот, премиерот Христијан Мицкоски најави дека случајот ќе биде покренат пред меѓународните партнери на земјата. Мицкоски посочи дека државата има на располагање механизми за дејствување на меѓународната сцена, додека истрагата за околностите под […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2026 10:15
•
Posted by: MK News
Ќе ги кратиме празниците, ќе ги контролираме боледувањата, ќе ги броиме минутите. А кога ќе почнеме да го броиме човечкото достоинство? Во Македонија повторно се отвора прашањето колку слободно време треба да има еден работник. Стопанската комора предлага нов модел на празнување, според кој бројот на неработни денови би се свел на 13, а празниците […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2026 22:09
•
Posted by: MK News
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори дека владата е избрана за мандат од четири години, но е подготвен за избори. Опозицијата, посочи во секое време може да поднесе барање за избори. „Мојот став е јасен, ние сме влада избрани за мандат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2026 14:19
•
Posted by: MK News
Цар Самуил, повеќе од 1.000 години по неговата смрт, повторно е во фокусот на светската јавност. По византиските хроничари, средновековниот владетел сега е предмет на внимание и на современите медиуми, по враќањето во Бугарија на останките кои му се припишуваат. За церемонијата на предавањето, положувањето и свеченостите поврзани со останките известува и француската новинска агенција […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2026 12:05
•
Posted by: MK News
Личност која навистина го промени текот на човештвото, светски признатата биохемичарка Светлана Мојсов. Родена во срцето на Скопје, а денес професорка на престижниот Универзитет Рокфелер во Њујорк, таа е творецот на научната револуција која го трансформираше модерното здравство и стана светски феномен. Нејзиниот пат до врвот беше филмски – со години нејзиното име беше намерно […]
______________________________________________________________________________________________________