По трагичната несреќа во која смртно настрада Невена Мијиќ, заедно со своите пријатели Оливер Хркач и Ноника Антуловиќ, вчера 20-годишната жителка на Жепча беше испратена на своето почивалиште.
Погребот е извршен на православните гробишта во Бистрица, а поворката тргнала од ожалостената куќа од соседното село Кисељак. Посмртната поворка била накитена како да е свадбена, на барање на родителите кои не стигнаа да ја омажат својата ќерка.
Невена, велат нејзините родители, погребана е во венчаницата која нејзината мајка Снежана и ја сошила пред неколку дена, а Невена ја пробала и тогаш рекла „во оваа венчаница ќе се мажам“.
-Мое злато, моја душо, ни испрати порака „одам јас“ кога тргна со друштвото. Отиде, и не се врати, вели нејзиниот татко Јово.
Да потесетиме, тројцата млади од Жепча, и тоа најдобри пријатели Оливер Хркач (19), Монија Антоловиќ (19) и Невена Мијиќ (20) загинаа во директен судар на мерцедесот со кој се возеле и тојото ленд крузер чии тројца патници, меѓу кои имало и дете, се тешко повредени.
Освен големиот број граѓани на Жепча, пријатели и роднини, на последното испраќање на Невена имаше и голем број волонтери на црвениот крст од цела Босна – Сараево, Тузла и Зеница.
Токму на денот на загинувањето Невена положила испит за негувателка и заминала на работа. Со години волонтирала во Црвениот крст во Жепча. Оваа секогаш весела девојка била актерка во Детскиот театар, џудист во локалниот клуб. Живеела со родителите Снежана и Јово и сестрите Жељка и Наташа во Кисељак.
-Погребот е можност кога треба да се даде совет, утеха, а нивната судбина не тера на молчење. Ве молам ова да биде опомена посебно за младите, да возат умерено, да знаат дека ќе стигнат ако возат поспоро, рече свештеникот Живковиќ на погребот.
На погребот присуствуваше и Џонатан Мур, шеф на мисијата на ОБСЕ во БиХ, кој лично изрази сочувство на семејството. Тој рече дека сочувствува со родителите, а и има ќерка малку постара од Невена.