Тага и болка за детето кое секогаш било насмеано – погребан 16 годишниот Иван


На градските гробишта во Бутел е одржан погребот на 16-годишниот Иван Билински кој во саботата беше прегазен во близина на Католичката црква.

Другарите и соучениците од средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ се збогуваа со трагично загинатиот Иван за кој велат дека бил ведро момче кое не ја симнувало насмевката од лицето.butel2

Капелата пред гробиштата Бутел беше претесна за да ги собере сите оние кои сакаа да му оддадат последна почит на Иван, чија животна судбина ги потресе сите.

Младиот Иван во саботата во болница им подлегна на повредите, добиени откако во него удри џип Туарег управуван од 20-годишниот Џ.М, додека го тој го минувал пешачкиот премин.  Од силината на ударот малолетникот беше отфрлен неколку метри, а за несреќата при полицискиот увид, останаа да сведочат неговите две патики.butel3

Социјалните мрежи вчера вечерта беа преплавени со апели за донации на финансиски средства за достоен погреб на Иван, бидејќи неговите родители се во незавидна финансиска состојба. Паричните средства хуманите луѓе експресно ги собраа.

повеќе фотографии на Вечер

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1