Фронтменот на групата „Аеросмит“, Стивен Тајлер (65) во едно интервју откри дека потрошил околу 6 милиони долари на дрога.
Пејачот и татко на актерката Лив Тајлер гостуваше во австралиската емисија „60 minutes“ во која призна дека потрошил меѓу пет и шест милиони долари на кокаин.
„Може да се каже дека го ишмркав пола Перу, но тоа не е важно“, рекол Тајлер.
Познатиот рокер бил „чист“ повеќе од 20 години се додека не станал зависник од лекови во 2009-та година, иако подоцна успешно се излечил од зависноста.
Тајлер станал зависник од дроги на крајот од 70-тите и продолжил да конзумира нелегални супстанци се до 1986-та кога почнал да се лечи.
Експлузивното интервју на Стивен Тајлер ќе биде емитувано на 24-ти февруари.