Ана Николиќ и нејзиниот сопруг Раста заедно со Андриана Чекиќ и Дара Бубамара биле специјални гости на венчавката на еден либиски бизнисмен во Белград.
Тие ги забавувале присутните со своите хитови, меѓу кои имало и уште многу други ѕвезди од српската естрада. Богатиот бизнисмен не жалел пари на големиот ден, а посебно добро поминала Дара која наводно добила цели 20 000 евра за својот настап, од кои половина биле бакшиш.
– Врв, знаеш ли колку бакшиш ми дадоа вечерва, 11 илјади евра… не ми се верува, и рекла Дара на една своја пријателка која вечерта била со неа.
Последни ресторанот го напуштиле Ана Николиќ и раперот Раста, од каде се упатиле кон еден ноќен клуб.