Пол Скот, авторот на новата биографија за Ерик Клептон (69) тврди дека славниот рокер вил во врска со принцезата Дајана.
Во биографијата се наведува дека тие двајца се запознале во 1993 година, а нејчесто се гледале во италијанскиот ресторан „San Lorenzo“ во Лондон.
Пријателот на Клептон тврди дека привлечноста меѓу нив била повеќе од очигледна. Приказната е филмска, а на почетокот срамежливо си разменувале погледи. Скот додава дека тие дефинитивно биле повеќе од пријатели, бидејќи Ерик секогаш обожавал предизвици.
Биографијата “Motherless Child: The Definitive Biography of Eric Clapton” ќе излезе на 12 март.