Џон Бетар има 102 години и вели дека клучот за успешен брак е за се да ја слушата сопругата. Неговата Ен има 98 години и наскоро ќе го ја прослават 81-годишница од бракот.
Се венчале во ноември 1932 година во Њујорк, а и двајцата пораснале во сириската заедница на доселеници во Бриџпорт.
Џон се заљубил во Ен на прв поглед. Решил да ги превезува неа и нејзините пријатели до школо, а таа полека почнала да заинтересирува за него.
Денес зборуваат како го живееле американскиот сон. По венчавката отвориле работилница и напорно работеле за да ги прехранат петте деца од кои најстарото има 80 години.
Најлошите моменти во животот им биле кога изгубиле две деца, ќерка и син. Иако во ниту еден момент таа загуба не ја преболеле, тагата им била полесна знаејќи дека секогаш се имаат себеси еден покрај друг.