Тајниот код на брдото кај Свети Николе го открива гробот на Александар Македонски?!


По откривањето на древниот пајонски град Била Зора, се зборува дека на мистериозниот рид во Црнилиште се наоѓа гробот на Александар Македонски. Оваа вест најпрвин се пренесуваше срамежливо и скептично, но откако пред две години независниот истражувач од Хрватска, Домагој Николиќ, во популарната емисија На рубу знаности” ги објави своите сознанија за Александар Македонски, остана скепсата, а за геоглифот, пак, кој најдобро може да се види од птичја перспектива, во Свети Николе почна се погласно да се зборува.

B3ECB1EA204312498F036822AE4587F8Од тие причини и екипата на ВЕЧЕР отпатува до овој дел од Овчеполието и да ви пренесе дел од тоа што го виде на самото место.
Им говорел Никола Ристевски, економист по професија, но млад независен истражувач кој пораснал со приказните за древните племиња на овие простори, со информациите за Пајонија, за кодот кој е испишан врз мистериозниот рид, кој најдобро се гледа од небо.

– Пред две години археологот Горан Динев, тогаш вработен во градскиот музеј во Свети Николе, ме повика да разговараме со посетител од Хрватска. По посетата на Кратово, Домагој Николиќ решил да го види мегалитскиот ѕид од другата страна на Богословец, кај Брегалница, кој народот го нарекува Ѓаволски” (според старото народно предание). Во музејот немало некој што бил запознаен со теренот, а и мојот пријател археолог дотогаш немал можност да го види овој огромен ѕид, па ги прошетав до самото место. Разменивме многу информации и литература и ја искористив можноста да го информирам за навидум чудниот геоглиф.

Точно една година пред емисијата за Александар, На рубу знаности”, емитуваа емисија со наслов По трагите на древното рударство на Балканот”, каде што Домагој Николиќ говореше за неговите истражувања низ Македонија. Тогаш водителот Крешимир Мишак, кој за повеќемина од мојата генерација, несомнено, е еден од најважните личности на нашата доба, изјави дека оваа небесна стрелка секако заслужува троа повеќе од слики од сателит – ни раскажа младиот Никола, кој и летово го дружеше неговиот постар хрватски колега во повеќедневните истражувања низ Македонија. Всушност, Никола веќе неколку години наназад во неколку електронски медиуми објавува статии за Овче Поле и за геоглифот, а има свој придонес и во свртувањето на вниманието на јавноста кон ова откритие.

04FDD784B6E1EB48874CCC5DB82A47F3Геоглифот е во непосредна близина и на пајонскиот град Била Зора, кој е голем предизвик за истражувачите, а поголеми археолошки истражувања се најавени за идната година.

Независниот хрватски истражувач, кој патем, има импозантно портфолио, своите аргументи дека гробницата на Александар Македонски се наоѓа во Црнилиште ги темели на читањата на геоглифот, за кој тврди дека ја прикажува сликата на големата мајка. Според Николиќ, сликата се огледува поточно математички, астрономски и геометриски, во чест на роденденот на Александар Македонски, кој се слави секоја година на 21 или на 22 јули. Всушност, тврди тој, единствено во тие денови во зората овој геоглиф е управуван, односно се пресликува со соѕвездието Касиопеја, кој има ист таков знак. Професорот од Скопскиот универзитет, Аристотел Тентов, пак, за медиумите изјави дека на ова место има еден цел текст кој говори за тоа кој го изградил, но кој е закопан во гробницата треба да покажат археолошките истражувања, и тоа со современи методи.

Дали приказната за гробот на Александар Македонски е вистинска или не ќе покажат истражувањата на археолозите, но за нас доволен импулс е тоа што се предизвика интерес за организирани посети на нашата општина, така што ќе се работи на стратегија со која ќе се направи обид да се привлечат домашните и странските туристи – вели Миланов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1