Најдобриот начин да се нападнат Соединетите Американски Држави е да се изврши нуклеарен напад на националниот парк Јелоустон, смета Константин Сивков, воен аналитичар, претседател на Академијата за геополитички проблеми во Москва.
Таков напад би го активирал супервулканот кој се наоѓа под тој национален парк. Последица ќе биде исчезнување на Соединетите Држави.
– Геолозите сметаат дека супервулканот кој се наоѓа под Јелоустон може да еруптира секој момент. Постојат знаци на зголемена активност на вулканот. Доволно е да се изврши послаб нуклеарен напад на тој парк и последиците по САД би биле катастрофални – земјата практично би исчезнала, рекол Сивков.
Тој додал дека САД има и друга слаба точка, а тоа е Раседот Сан Андреас, кој се наоѓа измеѓу Пацификот и Северноамериканската табла. Тој расед е долг околу 1.300 километри и поминува низ територијата на државата Калифорнија. Нуклеарен напад на тој дел од САД би предизвикал земјотреси и цунами и би нанел катастрофални последици на американската инфраструктура.