Крвава месечина за Велигден – божји знак и најава за судниот ден?


Целосното помрачување на Месечината или Крвава Месечина ќе се случи на 4 април, односно овој викенд кога се паѓа и католичкиот Велигден. Оваа појава последен пат се случи минатата година во октомври.

Според некои ова е вториот „Лош знак“ по затемнувањето на сонцето дека доаѓасудниот ден. Фановите на ова пророштво цврсто верувам дека пред судниот ден сонцето ќе се претвори во темнина, месечината во крв по што следи апокалипсата, или кобни случувања.mesecina krvava

Џон Хејџ тврди дека тоа што Крвава Месечината паѓа на Велигден не значи ништо што може да влијае на целиот свет. Но, може да има промени на Блискиот Исток.

– Верувам дека нешто драматично ќе се случува на Блискиот Исток, вклучувајќи го и Израел. Тоа е она што ќе влијае на развојот на различни настани во светот – објаснува.

Сега само може да се чека и да видиме што се случува. Ако се преживее, ова ќе биде уште една пророштво во серијата кои испаднале невистинити. 

Ние нема да можеме да го проследиме помрачувањето на Месечината, но во тоа ќе уживаат жителите на Северна и Јужна Америка, Азија и некој дел од Австралија. Месечината целосно ќе затемни на 5 минути, а од почетокот на нејзиното затемнување па се до крајот ќе поминат 3 и пол часа.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1