Разни скапоцености се однесени од тајните сефови на Жељко Разжнатовиќ Аркан во периодот меѓу неговото убиство и крајот на акциајта Сабја.
-Претпоставувам дека во сефовите имало пари, накити и уметнички слики. При претресот на вилата во улицата Љутица Богдан во Белгара во текот на акцијата сабја во март 2003 година од куќата се одземени 11 пиштоли. Скапоцености не се пронајдени зошто веројатно се чувани во тие сефови кои брзо потоа се испразнети – велинеименуван извор за Блиц.
Исти сомнежи имал и Воислав Ѓураѓкивќ од Бјелина, кој наплатувајќи долг од Светлана Разнатовиќ ја покрена контроверзата околу сефовите. Вишиот суд во Белград побара потврда од Комерцијална банка која наведе дека сефовите не се отворани 15 години.
Најблиските соработници на Аркан, како и неговата сопруга беа изненадени, тврдејќи дека не знаеле за нивното постоење. Наводно исчезнале клучевите на Аркан, а сефовите беа обиени со судки налог.
-Сите вредни работи се тргнати по убиството на Аркан на 15 јануари 2000 година во хотелот Интерконтинентал. Дали некој навистина може да верува дека тоа со години е држено во сефови? Прашува Драган Карлеуша кој раководел со полициската акција на претрес на вилата.
Пејачката меѓутоа и натаму останува на своето тврдење дека клучевите се однесени во текот на претресот на вилата во Сабја.