Тајно оружје им експлодирало на Американците при тестирање


Ново суперсонично оружје што се обидува да го развие американската војска експлодирало, набргу по лансирањето од полигон на Алјаска во понеделникот, соопштил Пентагон. Во инцидентот во воениот комплекс Кодијак никој не бил повреден, изјавила портпаролката на Пентагон Морин Шауман, пренесува Дејли мејл.

„Оружјето експлодира при тестирањето и падна. Моравме да ја прекинеме пробата“, изјавила Шауман.

ssaa1Оружјето го развива Националната лабораторија Сандија во соработка со американската војска, во рамки на програмата за развој на „брз конвенционален глобал напад“, со која се сака да се развие оружје што би можело да уништува цели каде било на Земјата во рок од еден час по добивањето на информациите и дозволата за напад.

Според порталот Вашингтон фри бикон, Напредното суперсонично оружје (АХВ) го развиваат Армиската вселенска и ракетно-одбранбена команда и Воената стратегиска команда на Пентагон.

Американското министерство за одбрана сака оружје со кое би можело да се напаѓаат цели низ целиот свет користејќи конвенционални боеви проектили што би се движеле со брзина од околу 5 маха.

Проектилите би се користеле за гаѓање терористички цели идентификувани со помош на сателити, или пак оружја за масовно уништување во моментите кога се преместуваат над површината.

Неуспешниот тест на Американците следи по експлодирањето на сличен проектил кој го развиваат Кинезите.

Проектилот Ву-14 Кина го развива за лансирање нуклеарни боеви глави или гаѓање цели што се движат со брзина до 10 маха.

Хонгоншкиот весник Саут Чајна морнинг пост објави дека кинескиот тест на Ву-14 пред три недели бил подеднакво неуспешен како и американскиот.

Според Вашингтон фри бикон, и Русија се обидува да создаде сопствено суперсонично оружје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1