Педесет и едно годишниот таксист од Марибор добил милионска сума на лото. Меѓутоа тој решил да направи добро дело за своите колеги таксисти со тоа што со парите им купил нови автомобили.
Таксистот освоил неверојатни 1.497.523 евра. Изјавил дека извлекувањето на лотото го гледал со својата ќерка но сакал да остане анонимен.
Новинарите се обиделе да го дознаат неговиот идентитет преку колегите таксисти. Тие изјавиле дека го познаваат, но ја почитуваат неговата желба да остане анонимен.