Таксист од Скопје доживеа хорор – му впериле пиштол во главата


Уште еден таксист од Скопје вчера доживеа хорор кога во 22 часот и 45 минути непознати лица кои влегле да се возат, и побарале да ги одведе на одредена локација, потоа место да му дадат пари за услугата, му впериле пиштол.taksi-657x320

Ч.А. пријавил во полиција дека разбојништвото му било извршено на улицата „Менделеева“ од страна на две непознати лица кои откако влегле во таксито марка „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки и побарале да ги вози до наведената улица, му впериле пиштол и му одзеле 1.500 денари и два мобилни телефони, по што избегале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1