Филмско бегство: Teтовски криминалец и избега на полицијата


Вчеравечер во 21.20 часот, по претходно добиена информација за лицето Н.М. (33) од Тетово кој се бара за издржување на казна затвор во траење од седум месеци, полициски службеници отишле на ул. „Киро Ристовски Дрнц“ каде затекнале паркирано возило „форд фокус“ без регистарски таблици, во кое на совозачкото седиште во легната положба бил Н.М.policija nokj

Кога ги забележал полициските службеници ги заклучил вратите и се префрлил на возачкото седиште, по што го стартувал возилото. Најпрво тргнал наназад, а потоа тргнал нанапред и поминал веднаш покрај службеното возило, како и покрај едниот полициски службеник.

Со цел да го спречи во намерата да побегне едниот од полициските службеници од службениот пиштол испукал три куршуми во воздух. Но, и покрај тоа Н.М. со возилото успеал да побегне во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1