Во такси превозот ќе се воведе втора, поевтина тарифа.
Со новата тарифа, стартот во кој се вклучени 2 километри чини 50 денари, а цената на секој нареден изминат километар 25 денари. Во моментов, постои една тарифа со која 40 денари е старт на превозот и секој изминат километар чини 25 денари.
Со оваа измена на одлуката за автотакси превоз, се дава можност таксистите да направат избор на една од двете понудени тарифи при што за нивниот избор ќе го известат надлежниот орган кој врши баждарење на таксиметарот и фискалниот апарат.
Таксистите кои ќе ја изберат новата тарифа, ќе треба да направат ново баждарење на таксиметарот и на фискалниот апарат.