Таксистот Кире пречуствувал дека ќе умре


Кога му кажав дека немам пари, тој беше дрзок. Ја земав пушката а таксистот ми призна дека знаел дека ова ќе се случи еден ден, изјавил  монструмот Мирослав Матиќ кој изврши двојно убиство во Белград.

Полицијата детално го опиша бруталното убиство на македонскиот таксист и свештеникот. Впрочем, Мирослав Матиќ (32) од селото Буковица со автоматска пушка го убил Македонецот Кире (41) бидејќи Матиќ немал пари да ја плати сметката, а потоа и свештеникот Мирослав Чворовиќ (39) кој се обидел да му помогне на нашиот Кире.taksist belgrad

Според пишувањата на српски Курир, Матиќ признал дека пред убиствата имал жестока расправа со својата сестра.

-Тој се скарал со сестра му, ги спакувал своите работи и ја земал автоматската пушка. Застанал такси и на возачот му рекол да го однесе до автобуската станица. Сакал да си оди од дома, стои во соопштението на полицијата.

Потоа, тој му кажал на таксистот дека нема пари за да ја плати сметката.

-Ми рече: Што влегуваш во такси кога немаш пари да платиш? Во тој момент ми падна мрак пред очи. Ја извадив пушката од ранецот и му реков дека ќе го убијам. Му кажав да тргне по споредниот пат а тој тогаш ми кажа “Знаев дека ова ќе се случи”, и признал Мирослав на полицијата при тоа додавајќи дека неколку минути потоа го изнел од возилото и со четири куршуми го усмртил Кире.

Го убил и сведокот

Според неофицијални информации, она што следувало ги шокирало истражителите.

-Седев зад воланот и се обидев да го мрднам автомобилот бидејќи беше заглавен во калта. Застана човек со југо и ме праша дали ми треба помош. Не знаев што да направам и ја вперив пушката во него. Тој излезе од југото а јас пукав во него, додал тој кој по крвавиот злочин седнал во југото и се упатил накај домот. Во саботата сабајлето отишол во полиција и го пријавил убиството.

Јас извршив двојно убиство во Белград, им признал на полициските службеници во станицата.

Инаку, Матиќ пред злочинот на својот Фејсбук профил напишал дека е грешник. Тој побарал од Бога да не му ги простува гревовите, туку да му помогне да не прави нови. Побарал малку среќа и сонце. Ваквиот статус го напишал на 10 март, а два дена подоцна го извршил двојното убиство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1