– Ми се допаѓаат фотографиите бидејќи се професионално направени, провокативни се, но не се вулгарни. За тој календар секоја година се сликаат најубавите и најзгодни девојки кај нас, не може баш секој да добие таква понуда. Тамара имаше апсолутна поддршка од мене и целото семејство. Ја поддржа и вереникот. Точно е дека е многу ослабена, навистина се трудеше и постојано вежбаше и беше на диета – вели мајката на пејачката за „Вечер“.
Се претпоставува дека хонорарот што го добила Тамара за разголените фотографии изнесува 12 илјади евра.