Тамара ќе се омажи во црвена венчаница


Популарната поп-пејачка Тамара Тодевска и нејзиниот свршеник, поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка спремаат голема свадба.tamara crven fustan

Тамара е многу релаксирана во однос на претстојната венчавка. Нејзините најблиски се многу повеќе вознемирени дали сè ќе биде како што треба. Таа порача да ѝ се направат три венчални фустани, кои ќе бидат дело на тројца еминентни модни дизајнери. Вечерта, за време на прославата, планира да носи црвен фустан, а не класична венчаница“, открива извор на Убавина и здравје.

Истиот изво за Убавина и здравје вели дека венчавката ќе се одржи во ресторанот ’Атланта’, каде што еден од сопствениците е нејзиниот иден маж. Бидејќи времето ќе биде топло, гостите ќе ги сместат на терасата на ресторанот, каде што планираат и поставување на многу необична бина. Сè уште не го утврдија конечниот список на гостите, но се претпоставува дека ќе имаат 500-600 гости.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1