Груевски-Вучиќ: Заедничката седница потврда за одличните односи меѓу двете земји


Одржувањето на втората заедничка седница на владите на Македонија и Србија во Скопје, по првата одржана во Белград, е уште една потврда за континуитетот и одличната соработка помеѓу двете држави, која во целост кореспондира со стратегијата на Владата на Република Македонија за континуирано унапредување на добрососедските односи со државите од непосредното соседство, истакна премиерот Никола Груевски по заедничката седница на двете влади.

zaednicka_sednica gruevski vucic

– Имавме конструктивна и продуктивна заедничка седница на владите. Очекувам договорите кои денеска ги потпишавме да бидат нов економски импулс кој ќе биде во интерес и на двете земји, рече Груевски.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ смета дека денешната заедничка седница на двете влади е поуспешна од првата одржана во Белград затоа што, како што рече, имале можност некои работи да ги конкретизираат.

zaednicka_sednica_g222

Инаку, денеска беа потпишани седум документи меѓу владите на двете земји за соработка во економијата, туризмот, железничкиот сообраќај, образованието, заштита на животната средина, културата и за надворешна политика.

Заедничките владини седници, според двајцата премиери, го потврдуваат високото ниво на меѓусебниот дијалог во кој доминираат соработката и односите базирани на меѓусебното почитување и уважување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1