Тамара откри секс-скандал во училиште: Поранешна ученичка во книга ги опиша интимните односи со професорите?!


Дали Сообраќајно-техничкото училиште во Земун имало и сексуални односи меѓу професорите и малолетните ученички? Тоа прашање со денови ги мачи родителите на учениците кои само за тоа зборуваат. Тревогата ја крена книгата „Трофеи“ која ја напиша довчерашна ученичка Тамара Маринковиќ.tamara-630x426

Оваа девојка во својот дебитантски роман до најмали детали го опиша патувањето низ средното училиште на тинејџерката која ја нарече Наташа, нејзиното вљубување во професорите, од кои некои веднаш и ставиле до знаење дека врска со ученички не ги интересира, но некои го прифатиле предизвикот наречен „забрането овошје“.

Се делува толку автентнично и стварно, опишано до најстини детали, со ликови кои сите веднаш ги препознаваат, па кај родителите немаше простор за сомнеж дека сето тоа што е напишано во книгата навистина се случило.

-Книгата е објавена неодамна и оттогаш е хаос во училиштето. Авторката е поранешна учаничка на Сообраќајното училиште, но никаде во книгата не спомена дека дејствието се случува таму. Меѓутоа, пишува за предметите, полагање на вочаки испит, па така на сите им стана јасно за кое училиште станува збор, раскажа соговорник запознат со случувањата во Сообраќајно-техничкото училиште.
Дополнителна загриженост внесоа описите на професорите и нивната интима. Главниот лик на романот со професорот кој авторката го нарекува Саша Арсиќ имала сексуален однос кој детално е опишан. Тој секс, според наводите во книгата се случил три и пол месеци пред полнолетството.

-Иако во книгата се сменети имињата, точно се знае кои професори ги опишала авторката. Каде и со кого живеат. Тие настани се напишани веродостојно. Дури и за еден професор, кого го нарекува Милош Ристиќ, навела од каде му е сопругата, која во тој град престојувала токму кога Наташа доаѓала кај него да се галат, додава соговорникот.

Доколку наводите во книгата се вистинити, најшокантно е, смета соговорникот, што за Наташа и нејзините односи, всушност врските со професорите знаел и училишниот психолог.

-Главниот лик на психологот му признала дека е во врска со пшрофесорот Ристиќ, но дека не сака да го пријави бидејќи е свесна дека ќе ја загуби работата, бракот. Доколку е ова вистина, тоа е страшен удар за училиштето! Значи дека надлежните знаеле за односите меѓу професорот и ученичката и никој не реагирал. Сите молчеле. Тоа е скандал, наведува соговорникот.

Новинарите се обиделе да стапат во контакт со авторката, но од издавачката куќа им било кажано дека е во странство и се враќа на почетокот на септември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1