Пучистите ќе бидат погребани на „Гробишта на предавниците“


Oпштина Истанбул ќе најде посебна парцела каде ќе бидат закопани „предавниците“, кои загинаа при обидот за преврат, пишува „Хуриет Дејли Њуз“.

Градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш изјави дека наредбата е поттикната од фактот, што на некои гробишта нема да биде дозволено во нив да бидат погребани заговорниците, кои го организираа обидот за државен удар.zaplena_turcija_vojska-520x389

-Минувачите ќе ги проколнуваат погребаните на тоа место и тие нема да почиваат во мир во своите гробови, вели Топбаш.

„Гробишта на предавниците“, е називот, со кој ќе биде наречено местото, каде ќе бидат положени посмртните останки на пучистите.

Обидот за државен удар се случи во петокот спроти саботата со цел симнување од власт на претседателот, Реџеп Таип Ердоган.

По обидот за преврат се прават „чистки“, а воведена е и вонредна состојба за период од три месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1